top of page

Abarth се мисли за враќање на бензинските модели

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • 6 days ago
  • 2 min read

Да не сте изненадени, можеби? Кратко откако го укинаа бензинскиот Abarth 500 и целосно се посветија на електрични возила, Abarth изгледа ќе треба малку да се врати назад и да смени некои работи. Ајде да видиме подетално.


Abarth сака да ги врати бензинците бидејќи електричните модели не пројдоа


ree

Abarth

Што значи во случајов дека не пројдоа? Најголемите фанови на Abarth не беа баш разубедени од Abarth 500e и 600e, кои се моментално единствените модели на брендот, барем во Европа. Двата се целосно електрични, и двата доаѓаат со вештачки звук за да се постигне оној Abarth ефект, но не беше доволно.


Извршниот директор на Abarth, Гаетано Торел, потврди дека купувачите на Abarth се големи фанови на модификации, на додавање нешто и на работење на возилата самите, а тоа со ЕВ не е возможно.


ree

Abarth

Мислам океј, тоа е само мал дел од работата; знаеме сите дека главната причина се цифрите, а тие говорат сами за себе. Годината е на самиот крај, а од почеток до денес, според информации од Сојузот на производители и трговци на Обединетото Кралство, на таа територија се продадени само 273 електрични Abarth модели. Во 2018 година, кога имаше избор меѓу 500, 595 и 695, како и двоседот 124 Spider, се продале 5,631.


И сега? Како што кажав погоре, Торел тврди дека навистина се трудат да се врати бензинецот во Abarth моделите, но тоа нема да биде баш едноставно. Изминативе неколку дена добивме повеќе информации за новиот Fiat 500 Hybrid.


ree

Abarth

Тој модел никогаш не беше предвиден за бензински мотор, инженерите мораа да ја сечат-прават-пустат шасијата и платформата за да прифати бензински мотор, и дури и малиот 1.0 со 64 коњи кој е под хаубата на 500 Hybrid нема баш многу простор. Навистина не знам како ќе влезе 1.4 T-Jet (или друг некој, можеби), но искрено се надевам дека ќе успеат. Искрено се надевам и дека истото ќе се случи со 600е, и нема само да стават појачана верзија од 1.2 хибридниот бензинец.


ree

Abarth

Оваа одлука исто не треба да нѐ изненадува, со оглед на тоа дека Stellantis е најновиот член на одборот на производители кои се бунат и вршат притисок на Европската Унија (со право) за забраната на мотори со внатрешно согорување.


ree

Abarth

Како човек што има го има возено новиот електричен Abarth 500e, мене искрено ми се допадна и ми беше интересно искуството, ама од друга страна, електрични возила општо знаеме дека тешко проаѓаат сега, а не па електрични хот хеч модели. Враќање на бензинските Abarth модели е исправната одлука моментално, и мислам дека Abarth со тековната каросерија, но мотор кој звучи барем малку како познатиот 1.4 може да биде навистина многу интересно. Останува да видиме…

© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page