BMW го претстави специјалниот Concept Speedtop
- Марко Соколовски
- May 25
- 2 min read
Не е тајна дека последниве пар години, дизајните на BMW се доста контроверзни. Големи маски, разноразни пропорции, и сето тоа. Сепак, баварците решија да нѐ потсетат дека знаат како да дизајнираат автомобил кој воодушевува. Богами, овој дизајн стварно воодушевува.
Ова е BMW Concept Speedtop

BMW
Погледнете го само овој прекрасен дизајн, луѓе. Кратко време по претставувањето на кабриолетот Skytop, BMW сега подготви лимитиран shooting brake караван со две врати, кој многу потсеќа на стариот Z3 M Coupe. Колегите од странство тој модел го нарекуваа „кловновска чевла“ поради пропорциите. Concept Speedtop е квалитетна салонка, во тој случај.

BMW
Не знам за вас, ама овој дизајн е стварно фантастичен. Ниската линија на кровот, остриот преден дел кој потсеќа на sharknose дизајните како на 635CSi, фелните кои личат на турбини, необично малите BMW маски од напред, целиот став на колата, ова е на сосема друго ниво, и сосем различно од тоа што сме го виделе од BMW во последно време.

BMW
Уште порадосен податок е тоа што Speedtop ќе влезе во производство… до некаде. BMW планира лимитирано производство од 70 примероци на Speedtop, и секој од нив ќе чини преку пола милион евра. Продавајте ги нивите со време.

BMW
Шала на страна, ми се допаѓа што BMW не забораваат на љубителите со ваквите модели, и не забораваат на таргет публиката за ваквите модели. Speedtop го имаше своето деби во Комо на Villa d'Este настанот, во друштво на најубавите и највредните олдтајмери.
Од BMW не кажаа за кој конкретно мотор се работи под хаубата, освен што кажаа дека е „најмоќниот V8 кој моментално го нудиме,“ што во превод би значело 4.4 битурбо V8, најверојатно со 530 коњи или можеби 625 коњи, ако е верзијата од M8.

BMW
Ентериерот најмногу издава дека Skytop е базиран на некоја верзија на 8 Series, но BMW сепак се потрудиле да биде посебно. Секоја површина е обвиена во прекрасна кожа, во кафена или во бела боја, додека во гепекот има место за најважниот аксесоар за таргет купувачите на вакви возила: вграден багаж.

BMW
Иако BMW го нарекува овој модел Concept Speedtop, многу е јасно дека е спремен за сериско производство. Моментално е изложен на Villa d'Este настанот, а подоцна во годината ќе го видиме серискиот модел кој ќе можат да го купат 70 среќни и богати купувачи. Од BMW тврдат дека ќе продолжат со вакви модели во иднина, и тоа го поздравувам. Браво!