Delfino Mobility Group официјално започна со работа во Албанија
- Марко Соколовски

- Oct 30
- 1 min read
Delfino Mobility Group, генералниот застапник во Македонија за SIXT Rent a Car, како и автомобилските брендови Geely и Lynk & Co неоддамна обележа еден огромен успех со тоа што…
Официјално започна со работа Delfino Албанија

На свечен настан во строгиот центар на главниот град Тирана, Delfino го најави започнувањето со работа во соседната држава. Секогаш вреди да се спомне кога македонска компанија се шири низ регионот и пошироко, и вреди и да се пофали.

На настанот беа присутни вкупно 12 возила од брендовите кои ги застапува Delfino, меѓу кои Geely, Lotus и Farizon, а најавија дека во 2026 година ќе пристигне и Zeekr.
Може да се каже дека ова проширување е печат за успехот на Delfino во Македонија, а воедно компанијата оваа година, околу еден месец пред овој настан во Тирана, го прослави својот 30 роденден на свечен настан во Националната опера и балет во Скопје.

Им честитам на Delfino за овој огромен успех, како и за нивната посветеност и остварени успеси во Македонија кои што многу очигледно имаат резултати! Од мене толку, може да погледнете по некоја фотографија подолу. :)


















