top of page

Geely Starray EM-i официјално претставен во Македонија

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • 2 days ago
  • 1 min read

Неоддамна Korrmotive беше на терен во салонот на Geely за да го видиме Starray EM-i за прв пат од блиску. Вчера, на 08.04, Starray EM-i ја имаше и својата официјална премиера во Македонија на after work забава во салонот.



Освен белиот Starray EM-i, кој наскоро ќе пристигне на тест, имаше и варијанта во прекрасна темнозелена боја внатре во салонот. Подиумот им го отстапија и на Александар Михајловски, т.е Син на Мајка и Антонио Ташковски т.е 1Човек, за малку да се посмееме и да ни го кренат расположението, а со тоа се најави и нивната официјална соработка со Делфино Мобилити Груп.



Што се однесува до перформансите:


Новиот Starray EM-i носи напредна плаг-ин хибридна технологија, комбинирајќи 1.5 литарски бензински мотор со електромотор и батерија од 18.4 kWh. Овој спој овозможува електрична автономија до 83 километри, додека вкупниот досег достигнува речиси 950 километри и со комбинирана потршувака од 2.4 л на 100 км. Забрзувањето до 100 km/h за само 8.1 секунди дополнително ја нагласува неговата динамичност.


Атмосферата беше одлична, а и дознав дека Starray EM-i веќе постигнал огромен успех, и вака делува како да е заслужено, но ќе дознаеме повеќе наскоро. Подолу можете да погледнете уште по некоја фотографија од настанот. Благодарам на Geely Македонија за поканата!



© 2026 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page