Genesis работи на хибриди и ЕВ со генератори
- Марко Соколовски
- Jun 11
- 2 min read
За оние кои не знаете, Genesis е луксузниот бренд на Hyundai Motor Group, кој се одвои од Hyundai и стана посебен бренд пред скоро 10 години. Genesis е активен во Европа веќе неколку години, со лимитирана гама на модели со бензински и дизелски мотори, и едно ЕВ, GV60. Наскоро доаѓа време за интересни промени.
Genesis наскоро ќе нуди хибриди и електрични возила со продолжен опсег
Во последно време, Genesis станаа сериозни за performance модели со лансирањето на новиот подбренд Magma, а со тоа и појачаниот GV60 Magma.

Genesis
Засега е само концепт, но потврдено е дека ќе стигне до сериско производство, и ќе биде првиот модел на Genesis кој ќе го носи знакот Magma. Освен тоа, почнаа и да влегуваат во светот на мотоспорт, а во меѓувреме работат и на нови погонски системи.
Genesis веќе подолго време работи на новите системи, но сега започнале и со тестирање на неколку прототипови. Како што спомнав, се работи и за класични хибриди, но и за електрични возила со вградени бензински генератори, исто познати под името EREV (extended range electric vehicle, електрично возило со продолжен опсег).

Genesis
Манфред Харер, директорот на Genesis и одделот за развој на performance модели тврди дека веќе поминал малку време со еден од прототиповите, и ова е следниот логички чекор во брендот, кој е и понатаму фокусиран на купувачите кои сакаат прав луксуз.

Genesis
Засега не се знае точно кој ќе биде првиот модел кој ќе ги добие било кој од овие два погонски системи, но многу е веројатно дека повеќе модели ќе бидат достапни или со EREV, или пак со хибриден погон.

Genesis
Кога сме кај погони, Харер исто потврди дека се разгледуваат нови опции за погонски системи кај знаменосецот G90. Ништо не кажа конкретно за тоа, но веројатно е дека G90 ќе добие некаков електрифициран погон со тек на време. Инаку, го имам видено G90 во живо одблиску, и голема штета е што не може цела Европа да го искуси и да ужива во него.

Genesis
За крај, Харер потврди дека Genesis работи на сосем нова платформа за ЕВ, која ќе вклучува, меѓу другото, нов систем за векторирање на вртежниот момент. Тој посочи дека нема многу што да се прави во врска со позиционирањето на батериите во електрични возила, но може да се промени местото на другите компоненти, а со тоа да се подобри и балансот.