Genesis X Gran Equator сепак можеби ќе дојде до сериско производство
- Марко Соколовски
- Sep 26
- 2 min read
Се сеќавате пред неколку месеци кога Genesis, луксузниот бренд на Hyundai, го претстави фантастичниот Gran Equator концепт? Овој концепт за теренец беше доста впечатлив, и на мене ми остави огромен впечаток, но тогаш тврдеа дека нема планови да се стави во сериско производство. Од тогаш малку се сменија работите
Genesis сепак изгледа спрема конкуренција за Mercedes G-Klasse

Genesis
Теренците моментално парче праат ширум светот, особено во Северна Америка, најважниот глобален пазар на Genesis. G-Klasse на Mercedes е веќе етаблиран модел во сегментот на премиум теренци, а неоддамна почна да се збори и дека BMW ќе спреми конкуренција за G-Klasse, и тој модел со тек на време ќе го замени не-баш-популарниот XM.
Според информации пренесени од Motor1, Genesis е најновиот бренд кој се придружува кон овој сегмент, барем според коментарите од извршниот директор Хозе Муњоз за време на состанок со инвеститорите.

Genesis
Муњоз објасни дека Genesis истражува различни варијанти за врвни модели, како што е теренец, односно веројатно сериска изведба на X Gran Equator, можеби и coupe верзија на G90.
Кога прв пат го видовме X Gran Equator во април, Genesis цврсто стоеше до тоа дека не е спремен за сериско производство, но изгледа дека работите се менуваат.

Genesis
Не знам дали ќе биде целосно електрична сериската изведба, како што е концептот, мислам дека ќе има некоја занимлива хибрид комбинација со некој поголем мотор на внатрешно согорување.
Во секој случај, мислам дека ова е исправна одлука. Освен што X Gran Equator изгледа фантастично во концепт изведбата, проширувањето на Genesis на други сегменти ќе им помогне да привлечат нови типови на муштерии. Иако немаат проблем во Северна Америка, Кореја и Блискиот Исток, во Европа навистина им требаат повеќе муштерии.