Ексдиректорот на Volvo Хокан Самуелсон се враќа на позицијата
- Марко Соколовски
- Mar 31
- 2 min read
Во моментов, автомобилската индустрија проаѓа низ еден многу турбулентен период. Вкусовите и интересите се менуваат, електрификацијата се успори, и притисокот врз брендовите расте. Volvo реши да ја води битката со овие турбуленции на еден поинаков начин.
Хокан Самуелсон повторно извршен директор на Volvo

Volvo
Според информации пренесени од Carscoops, на 31 март (денот на објавување), досегашниот извршен директор на Volvo, Џим Рован, ја напушта позицијата. На негово место повторно доаѓа неговиот претходник, Хокан Самуелсон. Самуелсон беше извршен директор на Volvo од 2012 до 2022 година. Неговиот рок започнува на 1 април, и ќе трае две години.
Додека Самуелсон е на позицијата, Volvo ќе го бара неговиот долгорочен заменик. Самуелсон беше повикан првенствено поради неговите познавања на фирмата, како и неговото искуство во автомобилската индустрија. Нормално, сето тоа е многу важно во ваков транзиционен период.

Volvo
Како и речиси целата авто индустрија, Volvo исто се предомисли од планот да стане целосно електричен бренд до 2030 година. Наместо тоа, ќе се става поголем фокус на хибриди и обновени мотори на внатрешно согорување.

Volvo
Само се надевам дека Самуелсон ќе го промени (за мене) несфатливото мислење на одборот дека треба Volvo да се откаже од караван моделите. Тоа е една од причините зашто ваквите како мене толку ги сакаат Volvo. Останува да видиме какви промени ќе донесе Самуелсон во следниве две години. Еве што имаше да каже:
„Автомобилската индустрија е под многу притисок од различни страни. Чест ми е да се вратам за време на многу важен момент за Volvo Cars. Имам голема почит кон предизвиците пред нас, и се надевам на добра соработка со нашиот талентиран тим за да ја заостриме нашата конкурентност, да ги исполниме барањата на нашите клучни пазари, и да ја забрзаме стратешката изведба и да се фокусираме на развивање на лидерството.“