top of page

Lynk & Co 02 со огромен успех на Балканот

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • 6 hours ago
  • 2 min read

Пред нешто повеќе од месец дена се оддржа Саемот за автомобили во Белград. Еден од изложените автомобили кој остави огромен впечаток кај публиката е дефинитивно Lynk & Co 02. Сега и знаеме што точно значел тој впечаток.


Успех во продажбата на Lynk & Co 02


Lynk & Co 02 1

Lynk & Co


Добивме информација дека Lynk & Co 02 направил парче на саемот во Белград што се однесува до продадени примероци. Lynk & Co пренесува дека веќе се продадени 50 примероци на 02 во Србија и во други држави во регионот.



Lynk & Co 02 2

Lynk & Co


За регионален пазар кој не е целосно загреан за електричните возила, ова е многу добра бројка. Интересот за Lynk & Co 02 навистина бил огромен и од потенцијалните клиенти на Саемот, а со ваков успех на еден од најпрестижните автомобилски настани во Југоисточна Европа, Lynk & Co официјално може да го декларира влезот во овој регион како успешен.


Инаку, Lynk & Co 02 за многу брзо ќе стигне и во Македонија. Секако, ќе има и тест возење и ќе дознаеме за што точно се работи. Искрено, јас бев воодушевен од Lynk & Co 01, така да очекувањата ми се високи. Ко што гледам што имаат да кажат странските колеги за 02, мислам дека тие очекувања ќе бидат и надминати.


Lynk & Co 02 3

Lynk & Co


Lynk & Co 02 е Б-сегмент електричен кросовер со еден електромотор на задната оска од 272 коњи, до 445 километри опсег на струја, DC полнење, 5.5 секунди до стотка, а и многу технологија. Мислам дека и харизматичниот дизајн допринесува до успехот, а стварно е харизматичен.


Џејсон Кени, Lynk & Co бренд менаџер за Југоисточна Европа, го изјави следното:


„Одушевени сме од приемот што го доби Lynk &Co 02. Реакциите беа фантастични, а фактот што веќе испраќаме 50 возила до клиентите е доказ дека регионот, вклучувајќи ја Македонија, е подготвен за нова, паметна и одржлива мобилност.“

© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page