MG Motor продаде преку 1.000.000 возила
- Марко Соколовски

- Feb 20
- 2 min read
Кинеските производители во последно време бележат прилично големи успеси, по готово во однос на продажбата. Најновиот успех го објави MG Motor, со навистина импресивна бројка.
MG Motor достигна еден милион продадени возила

Grand Auto
Оваа бројка се однесува конкретно за европскиот пазар. Еден милион вкупно возила на MG нашле сопственици, од кои преку 300.000 се електрични, а во 2025 година само во Обединетото Кралство, што е воедно де факто домот на MG Motor, се продадени 386.000 возила во 2025 година.

MG Motor
Најуспешниот модел на брендот беше новиот ZS со 424.000 продадени примероци, додека вкупната продажба на Hybrid+ модели во 2025 година достигна 139.000 возила.

MG Motor
Гај Пигунакис, комерцијалниот директор на MG, изјави:
„MG Motor успешно се врати во европскиот автомобилски мејнстрим со испораката на своето милионито возило. Длабоката наклонетост кон MG, иконскиот британски спортски бренд, кој има развиена култура на класични автомобили и бројни групи на страствени сопственици, претставува вредност што ја цениме и почитуваме. Ова наследство продолжува да ја обликува нашата стратешка насока и ја зацврстува нашата посветеност кон електричните перформансни автомобили.

MG Motor
Не ме изненадува успехов на MG. Освен што брендот е препознатлив за сите нас, иако сепак се работи за кинески бренд, перцепцијата кај луѓето склони кон предрасуди за кинеските возила се менува кога се аплицира познато име, во случајов MG.

MG Motor
Сепак, тоа не е целата приказна. Како што дознав откако го тестирав новиот ZS Hybrid+ минатата година, MG навистина се труди да извади квалитетни автомобили, и тоа јасно се гледа. Честитки за овој успех, и се надевам искрено дека успесите на MG Motor ќе продолжат да се множат и понатаму. Во меѓувреме, наскоро ќе дознаеме со кои други модели има да се пофали понудата на MG.




