top of page

Конечно претставен новиот Jeep Compass

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • May 6
  • 2 min read

Понудата на производи на Stellantis поставени на STLA Medium платформата е веќе доста голема. Сега можеме да му посакаме добредојде на уште еден член на оваа фамилија, од кој фотографии видовме претходниве неколку дена (пред да смееме).


Ова е новиот Jeep Compass


Jeep Compass 1

Jeep


Претходниот Jeep Compass беше со нас добри десетина години, а сега конечно дојде време за нова генерација. Освен сосема новиот дизајн и, за прв пат, достапноста на ЕВ изведба, друга важна вест за Jeep Compass е тоа што е сега поставен на STLA Medium платформата.


Целта за новата генерација на Compass е да биде глобален автомобил, односно world car, во превод Jeep модел кој ќе се нуди на речиси сите глобални пазари, вклучувајќи го, секако, и европскиот.



Jeep Compass 2

Jeep


Ова ќе биде едно од првите STLA Medium возила со 4х4, а е воедно и првиот Jeep модел на оваа платформа. Братучедите на Compass, како Peugeot 3008, Citroen C5 Aircross и Opel Grandland во моментов не нудат 4х4.


Како што веќе навикнавме кај STLA Medium, достапни ќе бидат два хибриди, самополнечки и плаг-ин, како и три ЕВ изведби почнувајќи со 213 коњи и преден погон, па сѐ до 375 коњи и 4х4. Таа сила ја овозможува појачан електромотор на задната оска кој исклучиво ќе се нуди кај Jeep.


Jeep Compass 3

Jeep


Во моментов, ако сакате вашиот Compass да ги направи своите предци горди со 4х4, единствениот избор ви е електричната изведба. Но, со оглед на тоа што Jeep Avenger се нуди како хибрид со 4х4, голема е веројатноста е дека и кај Compass ќе се нуди нешто слично, евентуално со повеќе коњи. 


Самополнечкиот хибрид има 145 коњи од 1.2 бензинец со три цилиндри и мал електромотор вметнат во автоматскиот менувач со 6 степени и двојна спојка, додека плаг-инот има 195 коњи со 1.6 турбо бензинец со четири цилиндри како и електромотор со поголема батерија.



Jeep Compass 4

Jeep


Батеријата на плаг-ин хибридот, како и кај другите STLA-M модели, има батерија од 17.6 kWh. Засега не се познати бројките за опсегот на струја. Електричните изведби ќе можат да поминат до 680 км, што е многу импресивно, а силата ја добиваат од батерија со 73 kWh, или пак 97 kWh капацитет. Верзијата со 4х4 ќе се нуди исклучиво со помалата батерија.



Jeep Compass 5

Jeep


Ентериерот доликува на еден модел со Jeep знак, со неколку различни tributes до поголемите браќа на Compass кои се фокусирани на теренско возење. Екранот позади воланот е помал, додека Jeep се има решено за широк екран за инфозабавните соддржини наместо вертикален, како што е кај C5 Aircross.


Jeep Compass 6

Jeep


Еден друг уникатен момент во ентериерот на Compass, освен прекинувачот за видот на терен на кој возите, е менувачот во вид на тркалце. Jeep ветува и повеќе простор во внатрешноста, како и багажник со 550 литри простор, што е одлично. 


Новиот Jeep Compass ќе се склопува во фабриката во Мелфи, Италија, каде што се произведуваше и досегашниот Compass, и каде што од идната година ќе се произведува и новата Lancia Gamma. 


© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page