top of page

PHEV возила за прв пат пред дизелите во Европа

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Nov 27
  • 2 min read

Насловна фотографија: JoachimKohler-HB - CC BY 4.0 / Wikimedia Commons


Мислам дека сите знаете дека дизелот изгуби неколку места меѓу видовите погонски системи во Европа и ширум светот. Dieselgate скандалот од пред десетина години и тоа што целата индустрија масовно се фокусира на хибриди и ЕВ дефинитивно имаат придонес, и оваа година дизелот доби уште еден удар.


За прв пат, повеќе европски купувачи бираат PHEV отколку дизел


ree

Korrmotive

Во текот на 2025 година, PHEV возила ги претекнаа дизелите во повеќе европски држави (вклучувајќи и неколку кои не се во Унијата), тренд кој започна во 2021 кога самополнечките хибриди го постигнаа истото. Според информации пренесени од колегите од Motor1, од почеток на годинава па сѐ до октомври, плаг-ин хибридите беа застапени со 9.4% од вкупната продажба на возила, додека дизелите се мачеа да постигнат 8%. 


Неоспорливо е дека хибридите водат, со 34.7% од пазарот, а веднаш позади нив се бензинци со 26.9%, и целосно електрични возила со 18.3%, бројка која пријатно ме изненади.


ree

Toyota

Сепак, би додал тука дека мислам дека застапеноста на хибриди е толку голема бидејќи тука можеби се вклучуваат и лајт хибриди, кои, како што нѐ потсети Toyota неоддамна, не се хибриди во права смисла на зборот. Сепак, еден куп модели на пазарот во Европа, да не кажам безмалку сите, сега нудат некаков хибрид, така да ова има смисла.


Причините за овој пресврт мислам дека веќе ви се јасни на сите; Dieselgate, зголемен интерес за електрификација, субвенции за електрифицирани возила, итн. Тука би додал и тоа дека плаг-ин хибрид, иако не може со дизел во права смисла, имаат неколку заеднички карактеристики, и тоа што многу брендови едноставно повеќе не нудат дизел воопшто. Кога нема дизел во понудата, нормално е дека ќе има помалку продадени единици.

 

ree

Volkswagen

Кинеските брендови, на пример, во скоро ниеден модел не нудат дизел, освен по некој пикап или голем SUV тука или таму. Volkswagen AG целосно ги тргна дизел моторите кај неколку модели; новата генерација на T-Roc нема да нуди никаков дизел, а ќе биде достапен со самополнечки хибрид со тек на време.


Многу интересен пресврт, ако мене ме прашувате. Иако сметам дека секогаш ќе има место за дизел моторот во автоиндустријата, и општо кај возила со четири или повеќе тркала, за грото автомобили на пазарот денес нема никаква поента. Се сеќавате пред дваесетина години кога можеше да се купи Volkswagen Lupo или Toyota Aygo со дизел мотор? 


ree

Volkswagen

Тие времиња слободно нека си останат во минатото, бидејќи такви работи немаа ни тогаш многу смисла. Дизелот си го заслужува местото, само од оправдани причини му опаѓа популарноста. 

© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page