Renault го претстави Twingo E-Tech Electric
- Марко Соколовски

- Nov 7
- 2 min read
После едно долго, поштено чекање, Renault конечно ја комплетираше понудата на мали ретро електрични возила. Ајде да видиме за што точно се работи.
Ова е новото Renault Twingo E-Tech Electric

Renault
И публиката едногласно извика „Cute!!“
Комплетно и апсолутно се согласувам со публиката. Иако R5 E-Tech ми е за нијанса поинтерсен, новото Twingo е фантастично. Во секој поглед се гледа инспирацијата од стариот модел, и иако дизајнот е малку стишан во однос на концептот, сепак е токму тоа што го очекувавме, и тоа многу ми се допаѓа

Renault
Убедливо најголемата разлика меѓу оригиналот од 1992 и новото Twingo E-Tech е тоа што новото има пет врати, иако нема некоја разлика во однос на димензиите меѓу двете генерации. Еден од истакнатите бенефити
на платформи за електрични возила за кој сум сигурен дека веќе знаете.
Кога сме кај тоа, иако Twingo е поставен на истата AmpR Small платформа како R4 и R5 (додавам R на бројките бидејќи бројките сами по себе изгледаат чудно), батеријата и моторот се сосема друга приказна.

Renault
Батеријата има нето капацитет од 27.5 kWh, што е помало и од многу плаг-ин хибридни возила на пазарот денес. Електромоторот има само 82 коњи, и според WLTP, опсегот на струја треба да е 263 километри. Значи, Twingo E-Tech многу буквално ја сфаќа работата за градско електрично возило. Батеријата е со малку по old school литиум-железо-фосфат хемија, што значи поефтино производство и помалку потпирање на ретки метали.

Renault
Ентериерот е едноставен, но лесен за разбирање и за користење. Има мал екран позади воланот, и 10-инчен екран за инфозабавните соддржини кој работи на Android Automotive системот, за кој веќе знаеме дека е одличен. Има физички контроли за климата, и општо делува како да ќе биде сѐ лесно за разбирање и за користење.

Renault
Кога сме кај поефтино, Renault многу сериозно целат кон почетна цена пониска од 20.000 евра. Малку ме секираат нашите познати давачки, но искрено се надевам дека ќе биде изводлива таа цена и кај нас. Воедно, со Twingo E-Tech, Renault сака да почне со оживување на A-сегментот.

Renault
Мислам дека и со тек на време ќе биде возможна целосно stripped out верзија на Twingo, како на времето Dacia Sandero со безбојни браници, и така ќе може да има верзија на Twingo и за E-Car сегментот. Новото Twingo ќе се склопува во Ново Место, Словенија, каде што се склопуваше и претходната генерација.
Ова е фантастична вест, и новото Twingo има потенцијал да биде многу, исклучително јак конкурент на пазарот на мали ЕВ. Едвај чекам да го возам. Продажбата ќе започне на почетокот на 2026 година.




