top of page

Tesla Model S и Model X си заминуваат во историјата

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Jan 29
  • 2 min read

Искрено, ова малку ме изненади. Tesla се проби во автомобилската индустрија пред десетина години со Model S, за кој генерално се мисли дека е еден од највлијателните електрични автомобили во модерно време, бидејќи таму почна брзањето кон електрификација од страна на целата индустрија, како и појавувањето на работи од типот огромни екрани за инфозабавните соддржини. Model X беше првиот SUV на Tesla, и тој уживаше во прилично голем успех, но и на нив им дојде крајот.


Tesla го прекинува производството на Model S и Model X


Tesla

После цели 14 години Model S и 10 години Model X, контроверзниот извршен директор на Teslа Илон Маск најави за време на состанок со инвеститорите дека ова поглавје во историјата на брендот официјално ќе се затвори за време на вториот квартал од годинава.


Ако следите што се случува со Tesla и извршниот директор на компанијата, мислам дека нема да ве чуди зошто прекинува производството на овие два модели. Мислам, океј, освен тоа што не бележеа некој голем успех изминативе години, и покрај двата фејслифти, главната причина зошто овие модели заминуваат во историјата е бидејќи погонот во Фремонт, Калифорнија кој беше задолжен за нив сега ќе биде задолжен за Optimus роботите, и Tesla цели да произведува еден милион примероци од нив годишно.


Tesla

Исто така, чувствата на купувачите кон електричните возила во САД се менуваат, што доведе и други целосно електрични модели да се тргнат од пазарот, така да, и тоа верувам дека има добар придонес.


Tesla

Со тоа, на Tesla им остануваат Model 3, Model Y и, барем во САД, Cybertruck и шлеперот Semi, кој исто доби фејслифт пред некое време. Останатите пазари ширум светот, вклучувајќи го и европскиот, ќе си останат со Model 3 и Model Y, кои и онака се најуспешните модели и покрај неоддамнешниот пад во продажбата ширум светот. 


Tesla

Од Tesla афирмираат дека наскоро стигаат други модели, како долго ветуваните Roadster и Cybercab автономното такси без волан. Не се знае дали меѓу тие модели се вклучува и долго ветуваниот ултра достапен Model 2, но со Tesla веќе знаеме дека моделите кои ги ветуваат остануваат само ветувања и не многу повеќе од тоа. Сепак, малку е изненадување дека Model S и Model X, кои едно време беа најдискутираните електрични возила, сега си заминуваат во историјата.



© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page