top of page

Претставен Fiat 500 Hybrid 

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Jul 7
  • 2 min read

Пред пар месеци ви кажував дека Fiat подготвува хибридна изведба од новата генерација 500, и покрај тоа што претходната генерација е достапна како хибрид. Тогаш имавме само фотографии од прототипови во фабриката во Мирафиори. Fiat го претстави новиот член на семејството пред пар дена, па ајде да видиме за што се работи.



Ова е Fiat 500 Hybrid


Fiat 500 Hybrid 41

Fiat


Точно како што претпоставив, дизајнот е скоро ист, со исклучок на малку зголемениот отвор за ладење напред. Всушност, тоа е и единствениот начин да се разликуваат 500 Hybrid и 500e, барем од надвор. Нема ни украсен издув позади, како што бензинскиот 500 отсекогаш имал.


500 Hybrid го заменува електромоторот поставен на предната оска со 1.0 лајт хибрид бензинец со 70 коњи, кој ја испраќа силата до предните тркала преку 6-степен мануелен менувач.


Fiat 500 Hybrid 42

Fiat


Воедно ова е прв пат после долго време Fiat 500 со бензински мотор да се произведува во фабриката во Мирафиори, т.е во Торино. Знам, и јас се зачудив, и после малку истражување дознав дека регуларниот Fiat 500 се произведува во Полска скоро 20 години. Патриотизмот е важна работа во новиот 500 Hybrid; Firefly бензинецот и мануелниот менувач се исто произведени во Италија.


Fiat 500 Hybrid 43

Fiat


Освен хибридниот бензинец, кој е многу економичен од тоа што сум разбрал, другото е сѐ исто. Тоа исто значи дека 500 Hybrid ќе биде достапен како класичен хечбек, како и интересната 3+1 изведба со една мала задна врата и, нормално, кабрио.


Fiat 500 Hybrid 44

Fiat


Ентериерот има малку променет распоред, со оглед на тоа дека треба да се смести мануелен менувач на високо, лесно дофатно место, но технологијата си е иста. Ко што гледам, инструмент таблата сега вклопува и мерач за вртежи, а од Fiat се пофалија и со целосно безжичен Apple CarPlay и Android Auto.


Искрено да ви кажам, хибридна изведба на Fiat 500 има толку многу смисла, што се чудам зошто ова не се случи порано. Мислам, океј, знам зошто; светот одеше натака пред неколку години, Fiat се надеваше на огромна побарувачка за електричен Fiat 500. 


Fiat 500 Hybrid 45

Fiat


Со овој пресврт, мислам дека значително (дури и вртоглаво) ќе се зголеми интересот за новата генерација на Fiat 500. Не дека електричната верзија е лоша во ниеден случај (од искуство), ама за оние кои сакаат многу понов Fiat 500, но не сакаат тоа да биде на струја, сега има решение за тоа.


Исто сега гледаме дека платформата на 500e може да го собере малиот хибриден бензинец. Некој да проба да види дали го собира 1.4 T-Jet па да се врати и бензинскиот Abarth? 


А да, мислам дека треба и малку поразличен брендинг, со оглед на тоа што Fiat сега има два модели во понудата наречени 500 Hybrid, и двата го имаат истиот мотор.



© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page