За Korrmotive

Korrmotive, моминско Korr, постои од 2017 година, основан од Марко Соколовски, скопски љубител на автомобилите, и вистински и виртуелни. Од 2021 официјално почнува да делува и на македонскиот пазар. Нов начин и нова перспектива за дознавање за сѐ на четири тркала, без разлика дали е ново или нешто постаро, легендарно. Освен овој сајт, Korrmotive нуди и нов начин љубителите да дознаат за автомобилите на брз и ефективен начин кој е во сржта на секојдневието: кратки видеа (reels) на социјалните мрежи.

Импресиум

Korrmotive е веб страна од информативен и забавен карактер. Информациите во содржините на Korrmotive се точни од времето на објавување, но подлежат на промени. Проверете ги изворите наведени во содржините (официјална веб страна на импортер, Classic.com) за тековни информации.

Korrmotive се оградува од било какви настанати технички проблеми со производите и возилата за кои се зборува во објавите.

Korrmotive е независен медиум, сите мислења искажани во објавите се лични на авторот.

Korrmotive не користи вештачка интелигенција за создавање на и истражување поврзано со содржините, создавање или изменување фотографии, или создавање на графички елементи, ниту на оваа веб страна, ниту на профилите на социјалните медиуми. Сѐ што читате и гледате тука, како и на Facebook и Instagram, го создале луѓе.

Korrmotive ги задржува сите права. Споделување или објавување на содржините на Korrmotive на друг веб портал е строго забрането, освен ако нема претходна дозвола од авторот. Секако, споделување линк на социјалните мрежи е дозволено :)

Korrmotive го задржува правото да одреди кога содржините ќе бидат објавени поради делување на разноразни виши сили. Благодарам на разбирањето.

Во зависност од содржината, Korrmotive користи сопствени фотографии, фотографии од автомобилскиот бренд наменети за употреба во редакциски статии, или stock фотографии од Unsplash и слични извори.

Korrmotive користи фотографии за редакциски статии согласно правилата за нивно користење. За споделување на лични фотографии на Korrmotive на други портали или социјални мрежи потребно е претходно одобрение и задолжително да се наведе Korrmotive како извор (може таг доколку се споделува на социјалните мрежи). Контактирајте го авторот за да ги добиете фотографиите во целосен квалитет :)

До тука стигна? Браво, и ти благодарам многу :) За крај, ајде да уживаме во автомобилите на безбеден и здрав начин. Без исклучок, носете го безбедносниот појас кога возите, и почитувајте ги сообраќајните правила без разлика каде сте во светот.

— Марко

Контакт

За тест возила, сугестии и прашања, пишете директно на:

marko_sokolovski@korrmotive.com

Тестирани возила: 52Марки: 18Објави: 277