top of page

Неколку новости од светот на автомобилите (август 2025)

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • 1 day ago
  • 3 min read

Жив сум. Оддамна не сум објавил новитети. Во последно време се случија еден куп интересни новости во светот на автомобилите, па решив да ги спојам некои од најинтересните најинтересни во една објава, да ви биде на сите полесно, и Korrmotive да си биде caught up со голем дел занимливости.


Ајде да почнеме.


Peugeot ги освежи 308 и 308 SW


ree

Peugeot


На 26 август, преку livestream на YouTube, Peugeot конечно го претстави освежениот 308. И хечбек и караван верзијата добиваат освежување, кое е најприметливо напред, како и во новите сини бои достапни за двата модели.


Предниот дел е радикално редизајниран, со наопачки фарови за прв пат, како и дизајнот на дневните светла продолжен ширум предната маска. Не е баш light bar, туку е малку поинтересно. Нормално, сега и знакот напред свети.


ree

Peugeot


Понатаму, има сосем нов дизајн на фелни, а позади, навалените линии на стоп светлата, кои претходно беа достапни само на GT, се сега стандард кај сите. Ентериерот нема некои големи промени, со исклучок на малку понови софтвери и графики.


308 сега ќе биде достапен со лајт хибридот кој го испробавме кај 3008 и Opel Grandland. 1.2 турбо бензинец со три цилиндри и мал електромотор сместен во 6-степениот DCT менувач, со вкупен износ од 145 коњи.


ree

Peugeot


Плаг-ин хибридот ќе биде достапен само во една изведба од 195 коњи, а битен е и новиот E-308, кој ќе може да помине до 450 километри со полна батерија од 55.4 kWh (нето). Интересно е што и понатаму ќе се нуди 1.5 BlueHDI дизелот со 130 коњи, и тој ќе биде исклучиво автоматик. Мислам дека за повеќето пазари ќе остане и основниот 1.2 PureTech со мануелен менувач.


Новиов дизајн е лудница. Од претходно искуство со 308, мислам дека и возењето ќе биде квалитетно исто така.


Претставен новиот Volkswagen T-Roc


ree

Volkswagen


Volkswagen jа претстави новата генерација на својот бестселер, T-Roc. Со тоа, SUV понудата на VW, која наскоро ќе остане без Touareg, има уште една нова генерација на модел.


Дизајнот ми е комбинација од познатиот дизајн на T-Roc, и по нешто од ID електричните модели на VW. За прв пат ќе бидат достапни и 20-инчни фелни, а досега максимумот беше 19 инчи.


ree

Volkswagen


На почетокот ќе се нудат два 1.5 бензинци со 115 или 150 коњи, и ќе бидат спарени исклучиво со DSG автоматски менувач, кој сега добива електронска палка во близина на воланот.


Наскоро ќе има и 2.0 бензинец со 4Motion погон на сите четири тркала, како и два сосем нови самополнечки хибридни погони кои ќе го имаат своето деби на T-Roc. Допрва ќе има и T-Roc R, а електрични изведби не се планираат.


ree

Volkswagen


Од VW тврдат дека ова ќе биде последниот модел на внатрешно согорување, но некако имам чувство дека тоа така нема да испадне. Би требало да пристигне во европските салони во ноември 2025, што вообичаено значи почеток на 2026 кај нас.


Volkswagen Golf R ќе го добие петцилиндрецот од Audi RS3?


ree

Volkswagen


За неколку години, Volkswagen Golf R ќе го прослави 25-от роденден. Почнаа да се шират гласини дека Volkswagen подготвува посебен модел за да го одбележи јубилејот, но воедно и проштален модел.


Наводно, оваа верзија на Golf R ќе го добие петцилиндрецот од Audi RS3, и наводно ќе има дури и повеќе коњи од тие 400 кои ги нуди RS3 моментално.


ree

Volkswagen


Овој јубилеен Golf R би требало да го видиме во 2027 година. Зошто го нареков проштален? Бидејќи ова многу веројатно ќе биде последниот Golf со чист бензински погон, па потоа ќе следуваат исклучиво хибридни и електрични изведби. Мислам дека нема нагло да го префрлат Golf на исклучиво електрични погони, попрво ќе го добие серискиот хибрид од новиот T-Roc.

© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page