top of page

Огромен интерес за BMW iX3 - BMW ќе го зголемува производството

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Feb 3
  • 2 min read

BMW неоддамна го претстави iX3, првиот електричен модел поставен на Neue Klasse платформата. Ова е еден од најклучните модели и општо најклучните моменти во поновата историја на германскиот бренд. Сега може да се каже

дека оваа инвестиција навистина вредеше.


Ќе се зголеми производството за BMW iX3


BMW

Тука работите стануваат малку поматни; има конфликт околу тоа дали iX3 е навистина распродаден до крајот на 2026 година. Странските медиуми известија дека тоа е случајот, но извршната директорка на BMW Group Холандија, Ане Бронс, тврди дека моделот не е распродаден и дека „ако клиентот нарача сега, ќе биде возилото готово во јули, и испораката исто би била летово.“



Тоа што знаеме за сигурно е дека побарувачката за iX3 е исклучително висока, и ги надмина очекувањата на BMW. Затоа, производителот ќе додаде уште една смена во погонот во Дебрекен, Унгарија, каде што се произведува iX3.


BMW

Ане Бронс додаде дека секое трето електрично BMW продадено во Европа е iX3. Иако испораките ќе почнат во март оваа година, iX3 веќе ужива во огромен успех, што е добар знак за следниот модел од Neue Klasse, новата Серија 3, која ќе ја видиме подоцна во 2026.


BMW

iX3, меѓу другото, го воведе и Neue Klasse дизајнерскиот стил на BMW, кој изгледа навистина интересно, како и убедливо најголемата промена во историјата на BMW во поглед на ентериерот, со сосема нова генерација на iDrive, нов распоред на екрани, и прилично sci-fi дизајн на волан со четири краци.


400 kW е максималната брзина на полнење, може да помине до 800 километри според WLTP, а најсилната изведба моментално има 469 коњи. Странските медиуми имаат навистина пофални зборови за најважното ЕВ на BMW во изминативе неколку децении.


BMW

Засега не се знае кога би стигнал кај нас, но навистина би било импресивно ако интересот на Балканот е дури до некаде голем како што е во остатокот од Европа. Не знам само како ќе се убедат лојалистите со 320d и 520d…



© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page