Ineos Grenadier со мали промени за 2026
- Марко Соколовски

- Feb 3
- 2 min read
Последниот автомобил кој го тестирав минатата година беше Ineos Grenadier, и убедливо еден од најинтересните карактеристики за него е управувањето. Бидејќи користи по old school серво, не се центрира со леснотија како кај било која друга класична кола, и е малку потежок за вртење, бара повеќе напор, и тоа е соодветно за тој тип за возило.
Сепак, имало доста поплаки, и Ineos реши во најкус можен рок да ја исправи оваа работа. Извинете, не можев да одолеам на играта на зборови.
Ineos Grenadier со ново серво за 2026 година

Ineos
За моделската 2026, Ineos подготви серија мали, но сепак значајни промени за Grenadier. Можеби веќе ги забележавте освежените фарови напред, но сепак, главната новост е сосема ново серво, кое што ветуваат дека ќе биде полесно за вртење, и полесно ќе се центрира автоматски, без да треба многу инпут од возачот.

Ineos
Сепак ќе си го заддржи и фидбекот и тежината, две карактеристики кои се многу важни за време на теренско возење. Сервото е сега варијабилно, што значи ќе биде полесно за управување на пониски брзини. Воедно, Ineos ветува и 5% намален радиус на вртење. Со оглед на тоа дека радиусот на вртење на Grenadier моментално е многу голем, дури и 5% е одлична бројка.

Ineos
Понатаму, безбедносните системи се малку освежени, во линија со моменталните барања на европските регулативи, и инфозабавниот систем сега дозволува гасење на звучното предупредување за брзината со само еден клик.
На крај, Grenadier сега е достапен во интересен Black Edition. Ова е многу честа работа во автомобилскиот свет денес; црна каросериска боја, црни фелни, црни детали по каросерија, знаете како оди тоа.

Ineos
И покрај овие подобрувања, Grenadier нема да има повисока цена за 2026, барем во Велика Британија. Цените остануваат исти за сите регуларни модели, вклучувајќи ја и Quartermaster пикап верзијата. За сега нема информации кога освежениот Grenadier би пристигнал во Македонија.




