top of page

Kia конечно го освежи Sportage

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Jun 5
  • 2 min read

Минатата година беше претставен освежениот Kia Sportage, но тоа беше поголемиот модел кој се нуди во… сите други пазари освен европскиот. 


Иако почекавме малку, сега дојде конечно да видиме и што има ново за помалиот Sportage за нас европјаните. Па ајде да видиме.


Темелен фејслифт за Kia Sportage


Kia Sportage 1

Kia


Всушност, Sportage беше првиот модел на Kia кој го воведе овој доста храбар дизајнерски јазик пред неколку години, но со тек на време, тој дизајнерски јазик имаше по некоја ситна еволуција. Сега има смисла дека сите тие освежени елементи ќе ги видиме кај Sportage.


Предниот дел потсеќа на досегашниот, но има сосем различни светла. Сега потсеќа на електричните модели на Kia, како EV9 и EV3, а тоа го прави веќе храбриот Sportage уште похрабар.


Kia Sportage 2

Kia


Остатокот од екстериерот не трпи толку големи промени, со исклучок на минимално освежените задни светла и новите дизајни на фелни кои ги гледате на сликиве. 


Како што можеби нема да ве изненади, електрификацијата е big deal кај новиот Sportage. Тој отсекогаш нудеше хибридни погони, како одличниот Sportage Hybrid кој го возев пред извесно време, но сега се става поголем фокус на тоа, бидејќи понудата на мотори се намалува.



Kia Sportage 3

Kia


Останува само 1.6 GDI турбо бензинецот со 150 коњи, и тој е достапен со 6-степен мануелен или 7-степен DCT автоматик и преден погон, а Sportage Hybrid сега има 239 коњи, достапен е и со преден погон и со погон на сите четири, и користи класичен 6-степен автоматик.


Kia Sportage 4

Kia


Ентериерот останува скоро ист како претходниот Sportage, со исклучок на двата екрани, кои имаат нов софтвер, а сега има и нов heads-up дисплеј проектиран на шофершајбната. Друга ударна промена е новиот волан, директно изваден од EV9. Стварно интересен, ретро ама и модерен во исто време.


Отсега Apple CarPlay и Android Auto ќе бидат стандардно безжични, а новиот Sportage ќе доаѓа и со второ ниво на автопат асистенција, односно сега ќе биде возможно автоматско менување ленти додека сте на автопат.


Kia Sportage 5

Kia


Засега нема инфо кога би пристигнал Sportage на нашиот пазар, или остатокот од европските пазари. Ако претходниот Sportage е некаков репер за тоа колку ќе биде добар и способен, едвај чекам да го возам. 

© 2025 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page