Се вчитува…
Се вчитува…
На 01.04.2024 година, во тогаш новоотворениот Џевахир Мол се отвори првиот pop-up салон на Geely во Македонија, со што кинескиот гигант официјално започна со работа на македонскиот пазар.
Текстов кој го читате моментално е објавен точно две години од отварањето. Делфино Мобилити Груп, македонската компанија која ни го донесе Geely во меѓувреме го прошири своето портфолио со Lynk & Co, и отвори нов салон на ударна локација на Градскиот стадион во Скопје.
Во овие две години, Geely и Lynk & Co покажаа огромни успеси на македонскиот пазар. Секако, тоа се однесува и за продажбата, но и за салонот и за искуството за клиентите општо; со кафе барот Amon (каде што лично би ви препорачал да го пробате кафето), како и нови концепти од типот соба за подкаст, салонот во Скопје е прогласен за најдобар салон на Geely во светот.
Како што ви кажував неоддамна, Geely и и понатаму нудат роденденски попусти за сите модели во понудата, а истото може да важи и за најновиот Starray EM-i.
Од мене толку. Им го честитам роденденот на Geely и им посакувам само успеси и добри резултати и понатаму! Oсобено кога офанзивата на модели ќе порасне уште малку, како што е и планот.
Во меѓувреме, повелете линкови за тестовите за Starray (се отвора во нов таб) и Cityray (се отвора во нов таб), за кои може исто да важи роденденскиот попуст, како и тестовите за:
-Lynk & Co 08 (се отвора во нов таб) (кој штотуку доби Златно Тркало за Најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија за 2026 година)